
Во тек операција на бугарски навивач, еве каква е неговата состојба!
Од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ брифираат за 4news.mk дека во тек е операција на едно лице, бугарски државјанин.
Според информациите за 4news.mk тој бил повреден со остар предмет, а донесен бил пред еден час во болницата и има оштетување, повреда на црниот дроб во десната слабинска регија.
Претходно било донесено уште едно лице кое било препратено на останатите клиники.
„Операцијата е во тек, а лицето не е во животна операција“, додаваат од ГОБ за 4news.mk.
