
Во тек е исплатата на посебен додаток, туѓа нега и попреченост за декември 2025 година
Министерството за социјална политика, демографија и млади соопшти дека во тек е исплатата на социјалните права за месец декември 2025 година, вклучително посебен додаток, парична помош за попреченост и туѓа нега.
Корисниците на овие парични права кои располагаат со дебитна картичка можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа, како и преку електронско и мобилно банкарство. Денеска е овозможено и подигање на средствата во сите отворени филијали и експозитури на банките.
Министерството апелира до корисниците да ја искористат оваа можност за подигање на средствата и за безбедно користење на банкарските услуги.
