Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Во тек е аплицирањето за субвенционирана струја – еве како да аплицирате
Македонија

Во тек е аплицирањето за субвенционирана струја – еве како да аплицирате

11/02/2023

AA

Во тек е аплицирањето за субвенционирана електрична енергија од страна на Владата на Македонија.

Имено, објавен е јавен оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за лица кои спаѓаат во категоријата ранливи потрошувачи на енергија за 2023 година.


Кој може да аплицира?

Министерството за економија доделува финансиска поддршка на домаќинствата чиј вкупен нето доход кој подлежи на оданочување согласно Законот за данок на личен доход на месечно ниво на членовите на домаќинството во 2022 година не го надминувал износот од:


– 19.000,00 денари за самец;
– 25.000,00 денари за домаќинство со два члена;
– 30.000,00 денари за домаќинство со три члена;
– 36.000, 00 денари за домаќинство со четири члена;
– 43.000,00 денари за домаќинство со пет члена и повеќе.

Доколку во домаќинствата од точка 1.1 член во домаќинството е и:


– корисник на правото на надоместок заради попреченост;
– самохран родител кој не е евидентиран корисник на гарантирана минимална помош и
– корисник на право на надоместок за телесно оштетување,
домаќинството ќе се смета за ранлив потрошувач со приоритет при доделување на финансиската поддршка.

Домаќинствата од точка 1.1 алинеи 1, 2 и 3 се стекнуваат со финансиска поддршка преку намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија во износ од 600,00 денари месечно, сметано од денот на поднесување на барањето.

Домаќинствата од точка 1.1 алинеи 4 и 5 се стекнуваат со финансиска поддршка преку намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија во износ од 800,00 денари месечно, сметано од денот на поднесување на барањето.

Доколку домаќинствата од точка 1.1 алинеи 1, 2 и 3 остварат заштеда од најмалку 10% од потрошената електрична енергија во тековниот месец споредено со истиот месец во претходната година, врз основа на податоците од универзалниот снабдувач, ќе се стекнат со финансиска поддршка преку намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија во дополнителен износ во висина од 200,00 денари.

Доколку домаќинствата од точка 1.1 алинеи 4 и 5 остварат заштеда од најмалку 10% од потрошената електрична енергија во тековниот месец споредено со истиот месец во претходната година, врз основа на податоците од универзалниот снабдувач, ќе се стекнат со финансиска поддршка преку намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија во дополнителен износ во висина од 300,00 денари.
1.7 Доделувањето на финансиската поддршка од овој оглас го врши Министерството за економија се до исцрпување на предвидените средства.

Домаќинствата од точка 1.1 се стекнуваат со финансиска поддршка со примена на принципот на најнизок вкупен нето доход на месечно ниво во домаќинството во 2022 година,

Домаќинствата од точка 1.2 од овој оглас се стекнуваат со финансиска поддршка без примена на принципот на најнизок вкупен нето доход на месечно ниво во домаќинството во 2022 година.

Доколку сите членови на домаќинството во 2022 година не оствариле доход нема да се стекнат со финансиска поддршка.

На ранливите потрошувачи на енергија согласно програмата коишто користат гарантирана минимална помош и остваруваат паричен додаток заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството во согласност со член 42 од Законот за социјална заштита и старите лица согласно член 7 од Законот за социјална сигурност на стари лица не им следува финансиска поддршка од овој оглас.

Рокот за аплицирање по овој јавен оглас изнесува 30 дена сметано од денот на објавување на јавниот оглас.

Барање за искористување на финансиска поддршка за лицата со ниски примања

Право на учество на овој јавен оглас ќе имаат лицата со ниски примања од точка 1.1 од овој јавен оглас кои ќе поднесат Образец за барање за искористување на финансиска поддршка.

Барањето за искористување на финансиска поддршка се доставува на пополнет образец за барање кој може да се подигне во архивата на Министерството за економија или да се обезбеди преку интернет страната на Министерството: www.economy.gov.mk.

Со барањето за искористување на финансиската поддршка барателот до Министерството за економија задолжително ги доставува следните документи:

1. изјава заверена на нотар со која се потврдува дека целокупната приложена документација кон барањето е точна и веродостојна (образецот на изјавата ќе може да се подигне во архивата на Министерството за економија или да се обезбеди преку интернет страната на министерството: www.economy.gov.mk);

2. доказ за барателот и членовите на домаќинството на барателот во фотокопија (лична карта за полнолетни лица, извод од родени за малолетни лица, извод од венчани, потврда за развод или посмртница за член од домаќинството);

3. фотокопија од последната добиена сметка за 2022 година за потрошена електрична енергија во домаќинството;

4. лицата со ниски примања од точка 1.1 алинеја 1 (самец) од овој оглас доставуваат изјава заверена на нотар со која потврдуваат дека живеат сами и со која се потврдува дека целокупната приложена документација кон барањето е точна и веродостојна. Образецот на изјавата (ЗА САМЕЦ) може да се подигне во архивата на Министерството за економија или да се обезбеди преку интернет страната на министерството: www.economy.gov.mk; и

5. Доколку во домаќинствата од точка 1.1 член во домаќинството е и:
– корисник на правото на надоместок заради попреченост;
– самохран родител кој не е евидентиран корисник на гарантирана минимална помош и
– корисник на право на надоместок за телесно оштетување,
Со барањето за искористување на финансиската поддршка барателот до Министерството за економија задолжително ги доставува и следните документи
– Потврда дека член на домаќинството е активен корисник на правото на надоместок заради попреченост и/или
– Потврда за развод или посмртница за другиот родител или потврда за непознато или исчезнато лице за другиот родител и/или
– Потврда дека член на домаќинството е активен корисник на право на надоместок за телесно оштетување.

НАПОМЕНА: Министерството за економија по службена должност преку Управата за јавни приходи и преку Министерството за труд и социјална политика ќе изврши проверка на податоците доставени од барателите по овој оглас (податоци за приматели на гарантирана минимална помош и податоци за вкупен нето доход).

Повеќе информации за јавниот оглас, барањето, како и изјавите од нотар можете да најдете ТУКА!


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy