ВО СВЕТОТ ХРАНАТА ПОЕВТИНИ: Се намали цената на месото, шеќерот…
Цените на храната во светот поевтинија.
Светските цени на храната благо се намалија во август во споредба со јули, објави Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). Намалување има на цените на месото (кај живината, свинското и овчото месо), потоа кај шеќерот и житото, а во исто време е забележан и раст на растителните масла и млечните производи.
Растителните масла поскапеа и индексот на цените на овие производи месечно се зголеми 0,8 отсто, особено поради повисоките цени на палминото масло, кои поскапуваат веќе три месеци по ред. Најмногу поскапува просечната цена на млечните производи, 2,2 отсто месечно. Во август имало пораст на цените на путерот, како и на обезмасленото млеко, сирењето и другите производи.
Во мај месец годинава, имаше поскапување на храната во светот.
foto freepik.com