Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Во строго заштитено подрачје од Охридското езеро од албанска страна се градат патеки и марина
Македонија

Во строго заштитено подрачје од Охридското езеро од албанска страна се градат патеки и марина

22/05/2023

AA

Остри реакции од македонска страна за градежните зафати во близина на изворите Дрилон, кај Тушемиште Албанија, на брегот на Охридското Езеро. Ова следува откако, вчера премиерот на Албанија Еди Рама на својот фејсбук-профил објави фотографии од проектот изградба на патеки и марина во строго заштитеното подрачје во самото езеро. Македонските власти велат не се запознаени со проектот. Министерката за животна средина вели дека до Владата досега не е стигната никаква најава за овој проект иако имале состаноци и разговори со албанската страна, најави дека ќе реагираат соодветно бидејќи целиот тој проект се коси со препораките на УНЕСКО.

„За секоја една активност којашто е во рамките на Охридското Езеро прво треба да бидеме информирани, тоа е прво, а второ навистина треба да внимаваме што правиме и македонската и албанската страна. Не треба да си дозволиме понатаму да одиме со нови објекти коишто ќе го загрозуваат Охридското Езеро а секако основа за тоа треба да биде комуникацијата, и мислам дека час поскоро треба да направиме ние бидејќи албанската страна не нè информираше треба да видиме ние кои се плановите“, изјави Каја Шукова, министер за животна средина.

Од „Охрид СОС“ велат дека уште еднаш на дело се покажува немањето волја за реално зачувување на исклучителните универзални вредности на регионот. Двете држави се должни заеднички да го штитат Охридското Езеро, ниедна не смее да прави работи на своја рака без да претходат консултации со сите релевантни институции.

„Македонија и Албанија имаат воспоставено еден заеднички комитет во рамките на УНЕСКО каде што сите проекти кои би биле поврзани со Охридското Езеро треба да се договараат заеднички со консензус, така што за било која интервенција значи мора да се праша и македонската страна и обратно и според она што УНЕСКО го бараше тие забранија секакви интервенции да се вршат на брегот независно дали е македонска или албанска страна“, изјава Ѓоко Зороски екологист.

Албанскиот дел од Охридското Езеро беше ставен на листата на УНЕСКО, пред четири години.

Соња Рилковска

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy