Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО – кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“
Економија

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО – кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

25/11/2024

AA

Во среда ќе има јавна берзанска аукција со 9,83 проценти од акциите на Македонијатурист.

Аукцијата ќе се организира по моделот „Се или ништо“.

Ова беше објавено од самата Македонска берза за долгорочни хартии од вредност.  

„Ве известуваме дека на 27.11.2024 година (среда), на барање на членката Еурохаус АД Скопје, по пат на јавна берзанска аукција на акции при продажба на големи пакети на акции (согласно Анекс 4 од Правилата за тргување на Македонска берза АД Скопје) ќе се понуди за продажба пакет од 44.449 обични акции издадени од Македонијатурист АД Скопје што претставува 9,83 отсто од основната главнина на друштвото, со почетна продажна цена од 10.150 денари по акција преку моделот „се или ништо“, се вели во објавата од берзата.

Ова значи дека доколку се најде купувач за овие акции, и доколку се прифати оваа најмала почетна продажна цена од 10.150 денари за акција, новиот купувач ќе треба да плати најмалку 7,34 милиони евра.  

Инаку, и пред извесен период, односно прецизно на 17 јули годинава имаше јавна берзанска аукција со акции на Македонијатурист, при што се продаваше истава количина и процент на акции, но тогаш имаше почетна цена од 9.800 денари за акција. Тогаш аукцијата не успеа, односно немаше понуда од друга страна за купување на акциите. Но сега, со оглед на атрактивноста на овие акции, се очекува зделката најверојатно да успее. 

Постапка на јавна берзанска аукција при моделот се или ништо предвидува дека на самиот ден на одржување на аукцијата, членката на Берзата –  застапник на продавачите на акциите, ги внесува продажните цени и количините за определени акции во БЕСТ системот. Аукцијата на акции се одвива во две фази и тоа: фаза на индикација на интерес, во траење од 5 минути, фаза на наддавање, во траење од најмалку 5 минути, при што, доколку во последната минута не дојде до подобрување на најдобрата куповна цена, се склучува трансакција. Во спротивно, доколку во текот на последната минута од 5-те минути наддавање дојде до промена на најдобрата куповна цена, наддавањето продолжува со нови 5 минути по истекот на претходните 5 минути. Доколку дојде до промена на најдобрата куповна цена во текот на последната минута од новите 5 минути, наддавањето продолжува за дополнителни 5 минути. Ваквиот начин на продолжување на наддавањето може да се случува најмногу во 10 интервали (10 пати по 5 минути). Доколку во текот на било кој интервал од по 5 минути не дојде до промена на најдобрата куповна цена во текот на последната минута од 5-те минути, БЕСТ системот склучува трансакција по последната најдобра куповна цена. Во случај на наддавање во 10 интервали, БЕСТ системот склучува трансакција по најдобрата куповна цена во десеттиот интервал. 

Последното тргување на редовниот пазар со акции на Македонија турист било пред неколку дена кога се постигнала цена од 7.700 денари за акција, но претходно поминаа блокови во кои се постигна повисока цена за една акција од оваа угостителско-хотелиерска компанија. 

Н.Н.Ф. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy