ВО СРБИЈА Е ПРИСУТЕН „ФЕРАРИ“ ВИРУСОТ: Лекарка открива кои се симптомите
Во Србија постои страв дека може да се појави епидемија на морбили, но сега се шири и норовирусот, познат како „ферари“.
Во Србија се појавија мали сипаници и сега има засилен епидемиолошки надзор, но проблем е што мал број деца се вакцинирани. На територијата на Белград, вакцинирани се колу 60 отсто од децата, но како што велат надлежните, тоа е премалку.
„Родителите ја одложуваат вакцинацијата затоа што ја поврзуваат со аутизам, без никаква основа, но кога детето ќе наполни една година, треба да прими вакцина против морбили, секако со претходна проценка на педијатар. Многу е важно да се шири свеста дека е потребно детето што побрзо да ја прими вакцината, посебно сега кога бројот на случаи расте, а во 2017 и 2018 година имавме епидемија“, вели Оливера Тодорови, педијатар.
Вели дека период на создавање на антитела е две до три недели. Додава дека осип се јавува од глава па надолу по телото.