
ВО СПОМЕН: Скулптурата на Исус Христос во Рио Де Жанеиро во дресот на Пеле
Тие ја „облекоа“ скулптурата на Исус Христос во Рио Де Жанеиро со дресот на Пеле.
Гестот беше во спомен на легендарниот фудбалер , кој почина пред една година.
За милиони Бразилци, Пеле има статус на национално богатство.
Во текот на кариерата постигна 1.281 гол и е единствениот играч кој три пати го освоил Светското првенство.
