Во сообраќајка загина 42-годишен делчевец
Во средата, во 22.20 во Полициската станица Виница било пријавено дека на магистралниот пат Македонска Каменица – Виница, на место викано „Каменолом“, патничко возило „фолксваген тигуан“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(42) од Делчево, излетало од коловозот.
На местото на несреќата од здобиените повреди починал возачот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
Сопатникот Д.Г.(33) од Делчево се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Виница.