
Во Словенија лавина затрупа седум луѓе
Лавина денеска затрупа седум лица во Мала Мојстровка во Словенија. Спасени се, но имаат повреди.
Иако првите информации беа дека загинале осум лица, набрзо полицијата излезе со информација дека седум лица се спасени, но не се знае степенот на нивните повреди, известија од ПУ Нова Горица, а пренесуваат Словенске новице. Не се знае од која националност се повредените. Планински спасувачи, планинска полиција и полициски хеликоптери се на терен. Управата за заштита и спасување на својата веб-страница објави дека планинската несреќа се случила во областа Бовац во 9 часот и 35 минути, пренесува Телеграф.рс. Маглата ги спречува хеликоптерите да летаат, но тие се во подготвеност.