Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Во Словенија лани 92 отсто од нововработените градежни работници биле странци
Економија

Во Словенија лани 92 отсто од нововработените градежни работници биле странци

21/05/2023

AA

Градежната индустрија во Словенија лани бележи најголем пораст од околу 17 проценти.  Градежната активност во Словенија се зголеми минатата година по две последователни години на благ пад; вредноста на завршените градежни работи е за 22 отсто поголема во однос на претходната година. Раст бележи изградбата на згради за 27,6 отсто, кај нискоградба за 23,6 отсто, кај специјализирани градежни работи за дури 39,3 отсто. 

Градежната вредност се зголемува во Словенија, иако секоја година се намалува бројот на градежни дозволи.  Од друга страна, повеќето компании го навеле недостатокот на квалификувани работници, високите материјални трошоци и високите трошоци за работна сила како најважни фактори кои ја ограничуваат нивната активност. 

Во март имало нешто повеќе од 75.000 вработени лица во градежната индустрија.

Речиси половина од работните луѓе биле странски државјани (48 проценти), што е највисоко меѓу сите дејности. Мнозинството странци биле државјани на Босна и Херцеговина (23 отсто севкупно), а потоа следат државјаните на Косово (15 отсто) и Македонија (3 отсто), пишува словенечки Дневник.

Минатата година во Словенија за прв пат во градежната индустрија се вработиле приближно 10.200 лица, од кои 92 отсто се странски државјани, кои во просек имале 32 години. 

Од 2015 година, платите се зголемени за 30 отсто во Словенија, а цените на недвижнините за 74 отсто

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy