
Во скопската зоолошка угина млада женка мајмун сијаманг
Стефан Кирков од ВМРО-ДПМНЕ реагира по повод угинувањето на една женка мајмун од Скопската Зоолошка градина.
„Хоророт во Скопската Зоолошка градина и натаму продолжува. Пред некој ден почината е млада женка мајмун од врската сијаманг.
Се работи за трудна женка,важи за еден од најретките заштитени видови на мајмуни во Светот.
Додека директорот Попов и неговиот Заменик со овластување Стаменов ( истиот кој закла коњи и има кривична пријава) молчат, Данела Арсовска на мое прашање на интервју умешно ги браненеше овие двајца кој од Скопје ЗОО направија да е куќата на стравот.
Мајмунката според моите неофицијалните мои информации е тајно носена и во приватни ветеринарни ординации и до овој момент Скопје ЗОО крие.
Ќе има ли крај на ова?
Ги охрабрувам новинарите да го испитаат ова дека нашата зоолошка пропаѓа, а некој и натаму не поднесува одговорност“, напиша Кирков.