
Во Скопје се отвора уште едно болничко одделение за лекување на рак
Владата на денешната седница донесе Одлука за давање согласност на Одлуката за проширување на дејноста на Јавната здравствена установа Градска општа болница „8-ми Септември“ – Скопје за спроведување специјалистичко-консултативна и болничка здравствена заштита на секундарно ниво од областа на онкологијата и радиотерапијата.
Тоа би значело дека освен на скопската Клиника за онкологија и радиотерапија, ќе се отвори уште едно одделение за Онкологија во Градската болница „8 септември“, што би било дополнително олеснување за болните од рак, чии бројки во последните години алармантно растат.