
„Во Скопје ме гледаат како цар, а кога би го имал Хајдук – би ја покорил Европа!“
Контроверзниот Мамиќ е далеку од фудбалските терени откако беше осуден на шест ипол години затвор за криминал и извлекување на милиони евра од поранешниот хрватски шампион Динамо.
„Кога доаѓам во Белград, Скопје, Црна Гора, ме гледаат како крал. Мене ме канат од многу тимови во светот. Јас би можел и денес да бидам важен дел од фудбалот, но решив дека повеќе не сакам да учествувам. Секој ден ми се јавуваат по 100 клубови, ми се јавуваат родители дека имаат талентирани деца да им најдам клуб. Кога би земал некој тим од хрватската лига, веќе втората година би бил пред Динамо и Хајдук, а да го земам Хајдук тогаш ќе ја покорам Европа“, кажа Мамиќ.
Мамиќ со години управуваше со Динамо и под негово водство беа остварени едни од највредните трансфери во историјата на клубот од Загреб.