
Во Скопје бодови губеле селекции како Англија и Италија – зошто да не и Белгија!
Барди кој неодамна го потврди заминувањето од Бодрумспор е свесен дека Македонија ќе се соочи со квалитетна селекција, а како мотив за добар резултат ги истакна бодовите освоени против селекции како Италија и Англија.
„Подготвени сме за овој натпревар. Знаеме дека Белгија е квалитетна репрезентација. Сите од играчите мора да покажеме одговорност и да покажеме дека во нашиот дом е тешко да се победи. Тука сме добиле бодови против Италија, Англија и ако го дадеме максимумот мислам дека можеме и утре“, вели Барди.
“Имаме искуство, имаме играчи кои играат во најсилни лиги, сите мора да веруваме во тоа што го правиме, играме дома, играме пред наши навивачи. Секогаш кога играме тимски имаме добри резултати, мислам дека сега нема зошто да не изгледаме како што треба“.
Дуелот со Белгија е закажан за во терминот од 20:45 часот, додека три дена подоцна ќе гостуваме на Казахстан.