
Во Швајцарија се случи најнеспортскиот, расипан потег во фудбалот! (ВИДЕО)
Во второто полувреме, откако резултатот беше 1-1 уште од пауза, еден гостински фудбалер ја запре играта затоа што фудбалер на Ивердон се жалеше на повреда. Некаде на центарот од игралиштето тргна кон аут-линијата за да ја исфрли топката, арно ама Конгоанецот Кристофер Лунгои, ја презеде и во трк се упати во контра.
Излезе очи в очи со голманот на Винтертур, кој остана присебен и успеа да одбрани. Подлиот потег на Лунгои го разбуди бесот кај гостинските играчи, кои веднаш му се втурнаа, а потоа судијата му додели жолт картон.
Проблемот е тоа што веќе имаше еден, од првото полувреме, па ова значеше исклучување. Со оглед дека не беше директен црвен, ниту ВАР нема право да интервенира, па Лунгои дури најде за сходно и да приговара зошто е казнет.
„Во оваа игра морам да примам удари, но не и да бидам жртва на неправи. Можно е да се поправат работите, кога ВАР би имал неколку дополнителни камери, кои би го покривале секој агол. По моето скромно мислење, тоа би требало да се случи“, напиша тој на Инстаграм.
@steve_miller_30 #unfair #football #soccer #ChristopherLungoyi #yverdon #yverdonsportfc #fcwinterthur ♬ Originalton – Steve Miller
