Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Во селото Бањска се уапсени уште двајца Срби
Регион

Во селото Бањска се уапсени уште двајца Срби

26/09/2023

AA

Ново апсење на Косово. Во селото Бањска се уапсени уште двајца Срби и запленет е арсенал оружје, информираше денеска косовската полиција. 

Тие се уапсени во хотел, а запленети се две возила, едно оклопно возило, како и едно тешко возило – багер, во кое е пронајдено поголем број различно оружје.

Меѓу запленетите оружја имало пушка од 30 мм, две долги пушки или митралези, еден снајпер, минофрлач и автоматска пушка, 74 чаури за пушката АК47, девет панцири и друга опрема.

Во Бањскиот манастир се пронајдени две пушки АК47 и еден панцир, кои наводно се одземени од локацијата каде што е убиен припадник на полицијата на Косово.

Дополнително, во соопштението се додава дека полициски единици се стационирани во атарот на селото Бањска и дека „таму го обезбедуваат и овозможуваат и пружаат помош според потребите и барањата на мештаните“.

Вкупниот број на уапсените за кои се смета дека се поврзани со пукањето во село Бањска и убиството на припадник на полицијата на Косово, е зголемен на осум, објави српски Телеграф.

Косовските власти тврдат дека шест лица од групата која изврши напад, се повредени и се лекуваат во Нови Пазар и бараат Србија да ги испорача овие луѓе. 

Најголемата партија на косовските Срби, Српска листа, прогласи тридневна жалост за смртта на тројцата Срби, кои беа убиени во Бањска, по нападот врз косовската полиција во неделата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Владата на Република Српска го прогласи 27 септември за Ден на жалост поради „трагичните настани на Косово“. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Луна парк до јуни 2027? Градот во финална фаза на

22/02/2026
Македонија

СО ЛАЖНИ СООБРАЌАЈКИ ИЗВЛЕКЛЕ 3,7 МИЛИОНИ ДЕНАРИ Кривични за четворица

22/02/2026
Македонија

Разбиена измамничка мрежа: Од стари лица извлекле 3,7 милиони денари

22/02/2026
Македонија

Приведен 23-годишник од Скопје – повредил малолетник со метална монета

22/02/2026
Македонија

Тепачка во Затвор Скопје

22/02/2026
Македонија

ПОЧИНА СТРУЖАНКА ОТКАКО ВО НЕА УДРИ КАМИОН Возачот е приведен

22/02/2026
Македонија

Жена физички нападната од својот партнер во Градски парк

22/02/2026
Македонија

Жичницата на Водно нема да продолжи да работи поради силниот

22/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41782
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Луна парк до јуни 2027? Градот во финална фаза на тендер

22/02/2026

Скопје се подготвува за нова фаза во развојот на јавниот превоз. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најави дека теренските активности за проектот

СО ЛАЖНИ СООБРАЌАЈКИ ИЗВЛЕКЛЕ 3,7 МИЛИОНИ ДЕНАРИ Кривични за четворица измамници, „мозокот“ бил во Софија

22/02/2026

Полицијата во Битола, заедно со Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност, поднесе кривична пријава до Обвинителството во

Разбиена измамничка мрежа: Од стари лица извлекле 3,7 милиони денари

22/02/2026

СВР Битола во соработка со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ поднесе кривична пријава до ОЈО Битола против В.П.(40) од

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy