Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Во секоја општина ќе има гробишта за домашни миленици
Македонија

Во секоја општина ќе има гробишта за домашни миленици

29/01/2026

AA

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Оливер Миланов, заедно со стручни лица од Агенцијата, оваа недела одржаа работни состаноци со Министерот за локална самоуправа Златко Перински и со Градоначалникот на Град Скопје и Претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевки. На состаноците се разговараше за актуелни прашања од надлежност на АХВ и локалните самоуправи, за чие решавање е потребна заедничка соработка на институциите.

Министерството за локална самоуправа, Град Скопје и ЗЕЛС ја дадоа целосната поддршка на АХВ за решавање на постоечкиот проблем и за потребата од изградба на гробишта за домашни миленици во општините.

„Ова ќе претставува решавање на деценискиот проблем и крај на праксата труповите на милениците по смртта да не се фрлаат со комуналниот отпад или да се закопуваат на јавни површини и други несоодветни локации. За таа цел ќе треба да се направат и соодветни законски измени“, рече Министерот Перински.

Претстои дефинирање на локации во општините за изградба на гробишта за миленици и планирање на потребната инфраструктура, појасни Ѓорѓиевки, истакнувајќи дека локалните самоуправи ќе дадат целосна поддршка во реализацијата. Тој исто така изрази подготвеност за помош на АХВ во решавањето на проблемот со бездомните кучиња, преку вклучување на општинските инспектори и комунални редари.

На состаноците акцент беше ставен и на предложените мерки за намалување на популацијата на бездомни животни преку воспоставување систем на прифатилишта во секоја локална самоуправа. Овие предлози добија поддршка и од Министерот Перински и од Градоначалникот Ѓорѓиевки, со ветување дека локалните самоуправи активно ќе се вклучат во имплементацијата на претстојните законски измени.

Директорот на АХВ, Миланов, истакна дека во предлог-законските измени се веќе вклучени забелешките и предлозите од здруженијата за заштита и благосостојба на животните, а ќе се земат предвид и предлозите од општините.

„Како одговорна институција за здравствената заштита и благосостојбата на животните, АХВ ќе им излезе во пресрет на локалните самоуправи и ќе им помогне во решавањето на техничките прашања при воспоставување на системот за контрола на популацијата на бездомни кучиња, согласно можностите, надлежноста и овластувањата на Агенцијата“, заклучи директорот Миланов.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

КРАВИТЕ ВО КРИВА ПАЛАНКА ЌЕ СЕ РЕШАВААТ СО АКЦИСКИ ПЛАН

25/11/2026
Македонија

МАНИПУЛАЦИИТЕ СО АЛБАНСКИОТ ЈАЗИК ВИ СЛУЖЕА САМО ЗА ДОЛГО ВЛЕДЕЕЊЕ

25/11/2026
Македонија

ПРОТЕСТЕН МАРШ ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ „Ниту една повеќе“ во

25/11/2026
Македонија

ПО СТУДЕНОТО УТРО СЛЕДУВААТ ДОЖД И ОБЛАЦИ Температурите ќе паднат

24/11/2026
Македонија

БЕЗ КОМУНАЛИИ ЗА ИЗГРАДБА НА КУЌА, ПОЕВТИНИ СТАНОВИ И СТУДЕНТСКИ

24/11/2026
Македонија

МВР ГО ОТКРИ ЧОВЕКОТ ШТО МУ СЕ ЗАКАНУВАЛ НА НОВИНАРОТ

24/11/2026
Македонија

ПО 104 ПРИЈАВИ ЗА ПРОБЛЕМОТ СО КРАВИТЕ, НОВ ИНЦИДЕНТ СО

24/11/2026
Македонија

БУЏЕТОТ ЗА 2027 НОСИ НОВИ ИНВЕСТИЦИИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО Бојковска најави

24/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46917
  • Регион 4000
  • Свет 22
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

КРАВИТЕ ВО КРИВА ПАЛАНКА ЌЕ СЕ РЕШАВААТ СО АКЦИСКИ ПЛАН Протестите се ставаат во мирување

25/11/2026

Општина Крива Паланка ја поздрави информацијата за вчерашната одлука на Владата, со која се утврдуваат конкретни задолженија на надлежните државни

МАНИПУЛАЦИИТЕ СО АЛБАНСКИОТ ЈАЗИК ВИ СЛУЖЕА САМО ЗА ДОЛГО ВЛЕДЕЕЊЕ Според ВЛЕН, актуелните критики од

25/11/2026

Коалицијата ВЛЕН во писмен одговор до лидерот на ДУИ Али Ахмети оцени дека неговото вчерашно писмо за службената употреба на

ПРОТЕСТЕН МАРШ ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ „Ниту една повеќе“ во паркот „Жена борец“

25/11/2026

Иницијативата „Ниту една повеќе“ денеска, на Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените и девојќињата, организира протест во паркот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy