
Во сабота седми „Марш за ангелите“ во Кочани
Во сабота, на 24 мај, во Кочани ќе се одржи седмиот „Марш за ангелите“, во чест на младите животи загубени во трагичниот пожар што се случи во ноќниот клуб „Пулс“. Настанот е организиран од родителите и блиските на жртвите, како израз на болката, но и континуиран повик за неселективна правда.
Маршот ќе започне во 16:05 часот од Паркот на Револуцијата, во знак на симболично потсетување на моментот кога се случи трагедијата. Поворката ќе продолжи кон Трговскиот центар, потоа пред зградата на Општина Кочани, па кон Полициската станица и ќе заврши пред Основниот суд и Јавното обвинителство во Кочани.
Организаторите ги повикуваат сите граѓани кои сочувствуваат и ја поддржуваат нивната борба за одговорност и правда, да се приклучат на маршот. Сите надлежни институции се уредно известени за одржувањето на настанот, а од медиумите се бара да известуваат со почит кон приватноста и болката на семејствата на жртвите.
Маршот е и потсетник дека трагедијата не смее да се заборави, ниту да остане без одговорност.