
ВО РЕГИОНОТ: Куќа од 155 квадрати ја продаваат за 17.000 евра
Во мирната населба Мокрин, во општина Кикинда, се продава пространа семејна куќа со површина од 155 квадратни метри, на парцела од 1.550 квадратни метри.
Овој имот нуди идеални услови за мирен живот во рамнината Банат, далеку е од градската врева, а сепак е во непосредна близина на сите главни погодности што ги нуди Кикинда.
Куќата има струја, вода и е спремна за вселување, пишуваат српските медиуми.
Мокрин е едно од поголемите села во северен Банат, познато по својата богата културна традиција, гостопримливи мештани и природна средина, што ја прави оваа понуда уште попривлечна за сите што бараат мирно катче за живеење или одмор.
фото Фејсбук