
Во Радишани исчезна 79-годишен маж со деменција – граѓаните повикани да помогнат
Во скопската населба Радишани е пријавено исчезнување на 79-годишниот Живко Вељковски, кој боледува од деменција. Според информациите споделени од семејството, Вељковски бил последно забележан облечен во сина јакна.
Семејството апелира до граѓаните доколку го забележат да се јават на телефонскиот број 071 871 631.
„Ви благодариме на споделувањето и помошта“, наведуваат блиските.
