
Во приватна болница донесени двајца работници, се повредиле при извршување работни задачи
На 18.01.2024 во 08.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во приватна болница во Скопје со повреди биле донесени Н.Т.(26) и В.М.(33), двајцата од Скопје.
Според пријавеното, тие се здобиле со повредите при извршување работни задачи во фирма на подрачјето на Гази Баба – Скопје.
Увид бил извршен и за настанот бил известен трудов инспектор.
