
Во прекин сообраќајот кај Плетвар!
АМСМ информира дека сообраќајот на магистрален пат А1 Прилеп – Градско , превој Плетвар под каменоломот од 16:47 часот е во прекин во двата правци.
Според информациите од АМСМ, прекинот е поради сообраќајна незгода.
Претходно, како што информиравме, имаше исто така несреќа каде беше превртен шлепер кој пренесувал песок.