Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВО ПОНЕДЕЛНИК ВО КОМОРАТА СЕ КОНСТИТУИРА НАЦИОНАЛНИОТ СОВЕТ ЗА ИЗВОЗ
Економија

ВО ПОНЕДЕЛНИК ВО КОМОРАТА СЕ КОНСТИТУИРА НАЦИОНАЛНИОТ СОВЕТ ЗА ИЗВОЗ

03/03/2023

AA

Советот ќе биде главен механизам за јавен-приватен дијалог каде ќе се третираат сите прашања поврзани со извозот и извозниот сектор и истиот ќе биде раководен од страна на Комората во рамки на проектот што го имлементираме во соработка со УСАИД.


Сакам да го најавам конституирањето и започнувањето со работа на Националниот совет за извоз кој ќе биде составен од претставници на извозните компании од различни сектори и претставници на Владата и надлежните државни институции кои третираат прашања поврзани со извозот. Конституирањето на Советот ќе биде во понеделник во Стопанската Комора на Северна Македонија.

Овој Совет, со кој ќе раководи Комората во рамки на проектот што го имплементираме во соработка со УСАИД, ќе биде главен механизам за јавен-приватен дијалог каде сите прашања поврзани со извозот и извозниот сектор ќе бидат институционално третирани од страна на надлежните државни институции и ние како Комора со целиот наш капацитет ќе настојуваме на секој начин да го ставиме извозниот сектор високо на агендата на Владата и креаторите на економските политики. Наша цел е да обезбедиме поголема поддршка за домашните извозни компании во нивните напори за зголемување на конкурентноста и градење на системски пристап за поголема промоција на извозните компании и производи на регионалните и меѓународните пазари.

Јас подолго време укажувам дека ние како земја сме мал пазар со ограничена куповна моќ и дека единствен начин да се развиваме во иднина како економија е да градиме извозни капацитети и компании кои ќе бидат подготвени да се натпреваруваат и победуваат на регионалните и глобалните пазари. Тргнувајќи од оваа констатација, ние како институција во рамки на новиот концепт Комора на иднината – ваш консултант во бизнисот, прашањето на извозот и извозната конкурентност го ставивме како еден од нашите клучни приоритети.

Во изминатиот период Комората преку конкретни активности и форми на делување обезбедуваше директна поддршка за извозните компании. Во таа насока ќе набројам само неколку конкретни активности како мало потсетување:

Прво, врз база на нашата директна иницијатива и конкретен предлог до Министерството за финансии и Министерството за економија, а во соработка со Царинската управа на РСМ, успеавме да намалиме или целосно елиминираме царински стапки за увоз на поголем број на суровини со што директно придонесовме за зголемување на конкуретноста на македонските извозници.

Второ, преку нашата активна вклученост во региоаналните иницијативи им го отвораме патот на нашите извозни компании на регионалните и на меѓународните пазари.

Трето, во соработка со ФИТР обезбедивме значителна финансиска и стручна поддршка за група на домашни извозни компании од електро, машинската и металопреработувачката индустрија, со цел технолошка и производна модернизација на нивните производни процеси како основа за зголемување на нивната извозна конкурентност.

Четврто, во соработка со Коморскиот инвестициски форум (КИФ) обезбедивме техничка поддршка за добивање на грантови за инвестиции во технолошко унапредување на неколку извозни компании, обезбедивме техничка поддршка за повеќе домашни компании од неколку сектори за освојување на нови пазари, и креиравме дигитална платформа за вмрежување на компаниите од регионот.

Тука можам да набројувам уште многу други активности кои се направени од страна на Комората. Но, она што е поважно, за што посебно сакам да зборувам, се активностите кои следуваат и плановите на кои активно работиме во насока на обезбедување на уште поголема поддршка за нашите извозни компании.

Што значи тоа?

Тоа значи дека во рамки на проектот што Комората во моментот го имплементира во соработка со УСАИД веќе испорачуваме конкретна поддршка за голем број на извозници преку обезбедување на техничка и стручна поддршка при воведување на меѓународни стандарди за квалитет, развивање и имплементација на дигитални решенија, пристап до финансии за реализација на инвестициски проекти и изработка на маркетинг стратегии за извоз со цел пристап до нови пазари. Во соработка со УСАИД и други институции во наредниот период ќе работиме на поголема промоција на нашите компании преку организирани настапи на меѓународни саеми, Б2Б средби, организирање на купувачки мисии и други форми на промоција.

Во меѓувреме, посветено работевме на целосно зајанување на нашите сопствени капацитети преку Клубот на извозници и Советот за унапредување на индустриското производство и извоз кои се специјализирани тела во рамки на Комората насочени кон обезбедување на целосна поддршка за извозните компании.

П.С. Во наредниот период ќе слушате уште многу успешни приказни што Комората ќе ги гради со нашите извозни компании.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Обезбедени 50 милиони денари за нова противпожарна станица во Аеродром

09/06/2026
Македонија

ШТИПСКИ ТЕКСТИЛЦИ НА ПРОТЕСТ: Германски институции ги гонат газдите за

09/06/2026
Македонија

Богојески: Тргувам со биткоини на светски берзи, македонската е намерно

09/06/2026
Македонија

Си ја пријавил дека ги оставала децата да спијат во

09/06/2026
Македонија

Николовски: Власта ветуваше поништување на Преспанскиот договор, а денес немаат

09/06/2026
Македонија

Богојески: Македонија е во банкарско ропство на монополи, решението е

09/06/2026
Македонија

НИКОЛОВСКИ ПРЕД ИНТЕРПЕЛАЦИЈАТА: Земјоделството е во колапс, соработниците на Трипуновски

09/06/2026
Македонија

ЈАКИМОВСКИ ПО ПРЕСУДАТА ЗА ЗАТВОР: Ова е политичка одлука за

09/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43678
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Обезбедени 50 милиони денари за нова противпожарна станица во Аеродром

09/06/2026

Скопските пожарникари ќе добијат нов, современ објект. Со усвоениот ребаланс на Буџетот, на денешната седница на Советот на Град Скопје

ШТИПСКИ ТЕКСТИЛЦИ НА ПРОТЕСТ: Германски институции ги гонат газдите за долг од 13 милиони денари,

09/06/2026

Над 100 текстилни работнички и работници од конфекциите „Фермактекс“ и „Европа Фешн“ попладнево излегоа на масовен протест во Штип, револтирани

Богојески: Тргувам со биткоини на светски берзи, македонската е намерно угушена, затворена и строго контролирана

09/06/2026

Лидерот на „Македонски концепт“, Петар Богојески, во своето гостување во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ ја отвори темата за либерализација

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy