Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „ВО ПОЛИТИКАТА ИМА ОДГОВОРНОСТ ЗА РАБОТИ ЗА КОИ ЛИЧНО НЕ СТЕ ВИНОВНИ“: Вучевиќ за несреќата во Нови Сад
Регион

„ВО ПОЛИТИКАТА ИМА ОДГОВОРНОСТ ЗА РАБОТИ ЗА КОИ ЛИЧНО НЕ СТЕ ВИНОВНИ“: Вучевиќ за несреќата во Нови Сад

05/11/2024

AA

Српскиот премиер Милош Вучевиќ денеска изјави дека ќе ја прифати оставката на министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ и додаде дека не се сомнева оти министерот не е субјективно виновен за тоа што се случи во Нови Сад.

Вучевиќ за Радио телевизија на Србија изјави дека одлуката на Горан Весиќ е чин на сериозен човек, кој е свесен дека кога извршува важна функција го има и товарот на одговорност.

– Не се сомневам дека Горан Весиќ субјективно не е виновен за ништо што се случи на 1 ноември во Нови Сад, рече Вучевиќ и додаде дека Весиќ е објективно одговорен бидејќи тој раководи со тој оддел.

Јас, откако имавме неколку телефонски разговори претходните денови, решив да ја прифатам неговата оставка со благодарност за се што направи за време на мандатот на оваа и на претходната влада. Не можам да кажам дека не си ја завршил добро работата, но во политиката има одговорност за работи за кои вие лично не сте виновни. Јас ја разбрав неговата порака и оставка – рече Вучевиќ.

Премиерот додаде дека би било нелогично се да заврши со оставка на министерот Горан Весиќ.

Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ синоќа најави дека ќе поднесе оставка, по падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, кога загинаа 14 лица, а тројца беа тешко повредени. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

5 пожари се сѐ уште активни, најкритично кај Кавадарци

03/08/2026
Македонија

Жештините не попуштаат: Утре до 40 степени, од четврток можен

03/08/2026
Македонија

Предложен притвор за предизвикување општа опасност со пукање во Добри

03/08/2026
Македонија

Двајца бугарски пратеници кои имаат забрана за влез во Македонија

03/08/2026
Македонија

Крадци влегле во црква во Трново, украле пари и бакарен

03/08/2026
Македонија

Со возило удрил во 4-годишно дете во Гостивар, итно е

03/08/2026
Македонија

Уапсена жена од Кратово кај локалитетот „Куклица“, нападнала посетители!

03/08/2026
Македонија

РЕАКТИВИРАН ПОЖАРОТ ВО КАВАДРЕЧКО: Два „ер трактори“ го гаснат огнот

03/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44835
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

5 пожари се сѐ уште активни, најкритично кај Кавадарци

03/08/2026

Центарот за управување со кризи (ЦУК) ја објави најновата состојба со пожарите на отворен простор на територијата на државата за

Жештините не попуштаат: Утре до 40 степени, од четврток можен дожд во попладневните часови

03/08/2026

Времето утре ќе биде сончево и многу топло, со мала локална облачност и слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура

Предложен притвор за предизвикување општа опасност со пукање во Добри Дол

03/08/2026

По кривична пријава на Министерството за внатрешни работи, Основното јавно обвинителство во Гостивар поведе постапка против четворица лица од селото

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy