Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Во петок ќе се протестира во Тетово против крстот на Попова Шапка
Македонија

Во петок ќе се протестира во Тетово против крстот на Попова Шапка

26/12/2023

AA

За во петок е најавен протест пред Општина Тетово.

Протестот е против крстот на Попова Шапка, за кој вчера првиот човек на Општинскиот инспекторат во општина Тетово Садат Сулејмани истакна дека има одлука за отстранување.

Тој вели дека има одлука да го урне крстот заедно со 5.000 други објекти, без да прецизира кога точно тоа ќе се случи.

„За крстот има одлука за уривање. Кога ќе се отстрани? Во Тетово има над 5.000 решенија за уривање. Гледате дека се трудиме да работиме. Кога ќе дојде време, ќе го направиме тоа“, вели Садат Сулејман, началник на општинскиот инспекторат во Тетово.

Утрово пак следеше реакција и од директорот на Центарот за управување со кризи, и претседател на партијата „Достоинство“, Стојанче Ангелов.

Тој порача дека крстот нема да падне.

„Првиот човек на Општинскиот инспекторат во Тетово Садат Сулејмани изјавил дека е донесена одлука за уривање на крстот во дворот на црквата на Попова Шапка но веднаш дополнил дека во Тетово има над 5.000 решенија за уривање на различни објекти и дека крстот ќе биде отстранет тогаш кога ќе му дојде ред. Со оглед на досегашната динамика на рушење на бесправно изградени објекти во Тетово и тетовско, крстот на Попова Шапка никогаш нема да дојде на ред. Во меѓувреме, за граѓаните на Тетово, далеку покорисно би било кога градоначалникот Касами наместо со крстот на Попова Шапка би се зафатил со чистење на натрупаното ѓубре низ градот. Да живееш под преубава планина а да дишеш отров е парадокс од невидени размери. Затоа наредната работа која му ја препорачувам на градоначалникот Касами е да се зафати со барање долгорочно решение за надминување на штетите и опасностите од загадениот и канцероген воздух кој секојдневно го дишат жителите на овој регион“, вели Ангелов.

Тој додава и дека најавениот протест против крстот на Попова Шапка кој треба да се одржи во очи на Нова година, во петок во Тетово, меѓу другото ќе покаже колкумина наши сограѓани Албанци ќе покажат непочит кон нас православните Македонци.

„Се надевам дека нивниот број ќе биде мал“, порача Ангелов.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПО 11 ГОДИНИ ОХРИД ЌЕ ДОБИЕ ЗАТВОРЕН БАЗЕН Владата обезбеди

06/10/2026
Македонија

ПРЕВЕЗУВАЛ ДРВА БЕЗ ЖИГ, СЕ ОБИДЕЛ ДА ПОБЕГНЕ Арачиновец приведен

06/10/2026
Македонија

ЦЕЛА ГОДИНА СО ШИФРА „ДОДАВАЛА“ ВОЗАЧКИ ДОЗВОЛИ ВО МВР Имала

06/10/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛ БАРА ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР ЗА ОБВИНЕТИОТ ЗА 4 УБИСТВА ВО

06/10/2026
Македонија

ПЕНЗИОНЕР ПУКАЛ ВО ВОЗДУХ ПО СЕМЕЈНА РАСПРАВИЈА 76-годишен охриѓанец нападнал

06/10/2026
Македонија

ЗЛАТО, СКАПИ ЧАСОВНИЦИ И ЧАНТИ „ХЕРМЕС“, „ЛУЈ ВИТОН“ И „ДИОР“

06/10/2026
Македонија

📷 САМО ШТО ВСЕЛЕН, ВЕДНАШ ГО ЗАТНАЛЕ СО ВЛАЖНИ МАРАМИЦИ

06/10/2026
Македонија

ЈА ИСТЕПАЛА 19-ГОДИШНАТА ЌЕРКА, ГО МАЛТРЕТИРАЛА И СВОЕТО БЕБЕ Пријава

06/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46014
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПО 11 ГОДИНИ ОХРИД ЌЕ ДОБИЕ ЗАТВОРЕН БАЗЕН Владата обезбеди 470 милиони денари за довршување

06/10/2026

Изградбата на затворениот базен во Охрид ќе продолжи по речиси 11 години од почетокот на проектот, откако Владата на денешната

ПРЕВЕЗУВАЛ ДРВА БЕЗ ЖИГ, СЕ ОБИДЕЛ ДА ПОБЕГНЕ Арачиновец приведен во Липково

06/10/2026

Шеесет и петгодишен жител на Арачиново бил приведен вчера во Липково откако со товарно возило превезувал дрва без жиг, а

ЦЕЛА ГОДИНА СО ШИФРА „ДОДАВАЛА“ ВОЗАЧКИ ДОЗВОЛИ ВО МВР Имала и посредник, пријавени се вкупно

06/10/2026

Вработена во Министерството за внатрешни работи ја користела сопствената шифра за пристап до електронскиот систем на министерствот за незаконско додавање

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy