Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВО ОВИЕ ДРЖАВИ ЛУЃЕТО НАЈМАЛКУ РАБОТАТ, НАЈМНОГУ УЖИВААТ И НАЈДОЛГО ЖИВЕАТ: Повозрасните работници имаат до 36 дена платен одмор
Економија

ВО ОВИЕ ДРЖАВИ ЛУЃЕТО НАЈМАЛКУ РАБОТАТ, НАЈМНОГУ УЖИВААТ И НАЈДОЛГО ЖИВЕАТ: Повозрасните работници имаат до 36 дена платен одмор

11/07/2024

AA

Параметрите
земени предвид од истражувањето за квалитетот на животот на Универзитетот
Оксфорд при рангирањето на земјите го вклучуваат просечниот број на работни
часови неделно, должината на годишниот одмор, процентот на жители кои имаат непречен
ноќен сон, очекуваниот животен век и чувството на среќа на испитаниците во
секоја земја која е вклучена во истражувањето.

Врз основа на
дадените критериуми, Луксембург е на врвот, меѓу другото, благодарение на
системот во кој работодавците ги наградуваат вработените со поголем годишен
одмор колку што се повозрасни. Работниците над 55 години во оваа земја имаат
просечно 36 дена платен годишен одмор.

Австрија и
Данска, кои го заземаат второто и третото место, на работниците им даваат
минимум 25 дена платен одмор годишно. Ова е целата топ 10 листа на земји чии
жители очигледно најмногу уживаат во животот:

– Луксембург

– Австрија

– Данска

– Норвешка

– Финска

– Шведска

– Франција

– Белорусија

– Холандија

– Швајцарија

Британија е
рангирана на 17-тото место благодарение на разумното просечно работно време од
36 часа неделно, релативно високиот животен век од 81,2 години, а повеќе од
половина од испитаниците исто така изјавиле дека во просек спиеле 7,5 часа
навечер, што е добр резултат.

Интересно е што
Соединетите Американски Држави се нашле на 87. место, меѓу другото и затоа што
на работниците воопшто не им се гарантирани деновите за платени одмори, а дел
од населението е незадоволно од квалитетот на сонот во текот на ноќта.

Од друга страна,
Кина, Мексико и Малезија се исклучително лошо рангирани, бидејќи во сите три
земји просечното работно време е 46 часа неделно. Иако работното време е
значително подолго, и би се очекувало вработените да добијат повеќе слободно
време, тоа воопшто не е така. Во Кина вработените добиваат само 5 дена годишен
одмор, во Мексико 6, а во Малезија 8.

фото: EPA

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy