Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО СЕ ПОВИКАНИ НАЈМАЛКУ 20 ЛУЃЕ:  Дачиќ рече дека корозија на држачите на натстрешницата е можна причина за несреќата
Регион

ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО СЕ ПОВИКАНИ НАЈМАЛКУ 20 ЛУЃЕ: Дачиќ рече дека корозија на држачите на натстрешницата е можна причина за несреќата

02/11/2024

AA

Српските власти ќе сослушаат голем број луѓе за да се утврди одговорност за несреќата од вчера. Најмалку 20 луѓе се повикани на сослушување во српското обвинителство по несреќата во Нови Сад која се случи вчера и во која загинаа 14 луѓе, откако се урна натстрешница на Железничка станица. 

Треба да се утврдат „сите суштински елементи на кривични дела и кривична одговорност“ за несреќата. Ќе бидат сослушани претставници од Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура, надлежниот министер Горан Весиќ, претставници од Железници Србија и Заводот за заштита на спомениците на културата на градот Нови Сад, како и други лица. Универзитетскиот клинички центар во Војводина (УКЦВ) на 2 ноември потврди дека нема нови жртви, а тројца од повредените сè уште се во тешка состојба. Зградата на главната железничка станица во Нови Сад беше отворена во јули 2024 година по тригодишна реконструкција. Единствениот дел кој не бил реновиран е натстрешницата.

Министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ денеска изјави дека се идентификувани 13 лица кои загинаа во вчерашната несреќа на железничката станица во Нови Сад и дека уште едно лице не е идентификувано, јави дописникот на МИА од Белград.

„Обвинителството и полицијата идентификуваа 13 лица. Загинати се и две внуки, родени 2014 и 2018 година и дедо од Ковил… Имате фудбалски клуб кој денеска објави дека загинато е момче и девојка, фудбалер роден 2003 година и неговата девојка 2004 година, исто така дете родено во 2007 година и во 2008 година“, изјави Дачиќ за ТВ Прва.

Дачиќ рече дека корозија на држачите на натстрешницата е можна причина за несреќата. 

Во несреќата загина и еден македонски државјанин кој работел како научник во Нови Сад. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy