Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Во ОЈО ГОКК се оформени предмети против актуелни и поранешни функционери
Македонија

Во ОЈО ГОКК се оформени предмети против актуелни и поранешни функционери

07/04/2023

AA

Повеќе предмети се отворени, повеќе се при крај и наскоро ќе имаме повеќе јавно обвинителски. Има и за високи функционери, во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) има оформени предмети, предистраги, истраги и против актуелни функционери, но и против поранешни функционери, рече вечерва јавниот обвинител Љубомир Јовески.

Во гостување на ТВ Телма зборувајќи за повеќе теми, Јовески се осврна и на причината која доведе до суспендирање на поранешната шефица на ОЈОГОКК Вилма Русковска за која е предложено разрешување од страна на дисциплинската комисија. Јовески негираше какво било политичко мешање во случајот со Русковска. Државниот обвинител, како што истакна, не можел да ја трпи незаконитоста во предметот во врска со претресот во Финансиската полиција.

Новиот јавен обвинител за гонење организиран криминал и корупција Ислам Абази, според Јовески, бил избран во јавен и транспарентен процес. Обвинителот Абази, потенцираше, е познат во јавнообвинителската организација. Потсети на неговата биографија и посочи дека тоа е една од гаранциите дека на оваа нова фунција како шеф на ОЈО ГОКК ќе покаже соодветни резултати.

– Во овој период од овој увид што го имам, согледани се сите состојби во Обвинителството за организиран криминал. Даден е приоритет на постарите предмети, исправени се одредени слабости што ги има во ова Обвинителство, нагласи Јовески, додавајќи дека наскоро ќе се добијат солидни резултати.

Тој смета дека ова Обвинитество во иднина нема, како што рече, да биде такво и да се поврзува со одредени личности, туку ќе го претставуваат обвинителите кои работат на тие предмети.

Прашан за објавите во однос на поврзаност на Абази со функционери од ДУИ, Јовески рече дека на тие информации не би им дал посебно значење. Додаде дека секој оној кој нема да постапува согласно законот, за тоа ќе понесе соодветна одговорност.

Во коментар на застарувањето на предметите, за одговорноста за „бавната правда“ во овие предмети, посочи дека е многу тешко да се раководи со Обвинителство во кое има најмалку една третина помалку обвинители поради одливот на обвинителите по основ на пензионирање.

Републичкиот јавен обвинител уверува дека во делот на овие предмети, за настани кои се одвивале пред десетици и повеќе години, времето го отежнува работењето на правосудните институции во делот на обезбедување на докази. Повеќе од нив се предмети од поранешното СЈО и со преземањето на сите овие предмети немало проблеми. Нагласи дека по предметите интензивно се постапува и потенцираше оти не стојат во фиоки, се преземаат соодветни дејствија од страна на јавните обвинители.

За предлогот за негов избор за уставен судија, Јовески појасни дека не се кандидира и пријавува, туку кандидатуирата е на Комисијата при Собранието, Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

– Јас не сум оптоварен со тоа, ако Собранието ме избере на таа функција, чест ми е да ја извршувам. Таа кандидатуира не е врз основа на оглас или конкурс, за јас да се прјавам, предлогот е на Комисијата за избори и именувања, значи некои пратеници или пратенички групи кои ја ценеле мојата досегашна работа сметале дека успешно можам да ја извршувам функцијата и ме предложиле за уставен судија, ниту јас сум се пријавил за да се повлекувам и во тој дел сум спокоен, рече Јовески.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy