Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Во новата кампања на Скопско: Симон Трпчески открива што ја прави македонската песна посебна
Магазин

Во новата кампања на Скопско: Симон Трпчески открива што ја прави македонската песна посебна

10/04/2023

AA

Нашиот најпознат пивски бренд, СКОПСКО, и нашиот најафирмиран пијанист, Симон Трпчески со делото „Малешевка“ од албумот „МАКЕДОНИСИМО (композитор Панде Шахов) “, се споија во новата кампања за СКОПСКО, која го слави сето она што ја прави македонската музика посебна: ритамот, луѓето, нивните врски, блискоста и заедништвото.

Од Пивара Скопје велат дека токму уникатиот македонски ритам, кој бил и ќе остане инспирација за многу наши и светски музичари, е основа на нашата посебност, која оттаму се отсликува и во природните убавини, во вкусот на храната, во духот на нашите луѓе и нивното заедништво, како и во многу други нешта.

– Нашата музика е тоа што најдобро нѐ претставува во светот, а еден од нејзините најголеми промотери е токму маестро Симон Трпчески. „МАКЕДОНИСИМО“ ја издигна таа промоција на едно високо ниво и уште еднаш му покажа на светот дека тука живееле и живеат луѓе со голема душа, кои и покрај сите предизвици се одржале заедно и зад себе оставиле наследство со огромна вредност. – изјави Марта Завкова, бренд менаџр за Скопско.

За маестро Трпчески, оваа соработка е природна затоа што СКОПСКО и „МАКЕДОНИСИМО“ се дел од нашиот идентитет и имаат моќ да нѐ соберат на иста маса, од убавите моменти да направат совршени сеќавања, од секојдневниот оброк гурманско доживување, а од обичната собиранка – дружба за паметење. Тие се сѐ она што сме ние, Македонците.

А како изгледа кога енергиите ќе се спојат на иста бранова должина и ќе создадат нешто убаво и неповторливо, погледнете во видео спотот:

 

 

 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СЕ УРНА ПОТПОРЕН ЅИД КАЈ ШТИПСКАТА БОЛНИЦА Земја и ограда

27/01/2026
Македонија

Турчин измамил друг турски државјанин за 6.650 евра, му ветувал

27/01/2026
Македонија

Надојдената река Тркања однесе 220 овци и јагниња, срушен ѕид

27/01/2026
Македонија

Во Тирана приведен македонски државјанин, баран по тројно убиство во

27/01/2026
Македонија

Утре масовен протест за 600 евра минимална плата: Ако не

27/01/2026
Македонија

СВЕДОШТВАТА ЗА „ПУЛС“ ЈА УРИВААТ ТЕОРИЈАТА ЗА СИСТЕМСКИ ПРОПУСТИ ВО

27/01/2026
Македонија

Мицкоски: Не бев статиста во Давос, не барав селфи по

27/01/2026
Македонија

Мицкоски: Минималната плата согласно закон ќе биде зголемена во месец

27/01/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 40671
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СЕ УРНА ПОТПОРЕН ЅИД КАЈ ШТИПСКАТА БОЛНИЦА Земја и ограда паднаа врз возила со скопска

27/01/2026

Свлечиште од земја утринава урна дел од потпорниот ѕид на Клиничка болница-Штип, при што оградата и дел од земјата се

Турчин измамил друг турски државјанин за 6.650 евра, му ветувал документи за работа и престој

27/01/2026

На 26.01.2026 во 13:40 часот на кеј „Димитар Влахов“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го

Надојдената река Тркања однесе 220 овци и јагниња, срушен ѕид оштети возила во Штип –

27/01/2026

Центарот за управување со кризи информира за состојбата на терен по обилните врнежи. Според информациите од ЕЛС Струмица, состојбата е

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy