
Во несреќа почина велешкиот бизнисмен и хуманитарец Зоран Љутков
Младиот бизнисмен и хуманитарец Зоран Љутков трагично го загуби животот во несреќа што се случила викендов, информираат локалните портали.
Љутков имаше 42 години и беше еден од најпознатите млади претприемачи во Велес. Основач и сопственик на неколку семејни бизниси, меѓу кои најпрепознатлива е компанијата „Пододекор“, тој беше активен поддржувач на локалната заедница.
Покрај бизнис-активностите, Љутков е запаметен како голем донатор и пријател на спортот и културата во Велес. Со своите донации им помагал на локалните спортски клубови, организирањето на спортски и културни манифестации, како и на повеќе граѓански здруженија.
Зоран Љутков беше сопруг и татко на две малолетни деца. Несреќата, за жал, ја прекина и радоста од неговото трето дете кое требало да се роди наскоро, пишува порталот „Дума“.