
Во моментов се апсат нови 7 полицајци за трагедијата во Кочани
Во вечерашното интерву за ТВ Телма, Љупчо Коцевски, Државен јавен обвинител откри дека истрагата во врска со настанот во Кочани се проширува со приведување за уште седум полициски службеници.
-Во моментов добив известување дека има издадено наредба за приведување на уште седум полициски службеници и во моментов истите ќе бидат приведени. Истрагата се проширува за уште седум полициски службеници во врска со настанот за кабарето „Пулс“, вели Коцевски.