![Во Мексико пронајдени тела на тројца сурфери, исчезнати додека кампувале](https://novina.mk/wp-content/uploads/2024/05/1714927041_policija-jpg.webp)
Во Мексико пронајдени тела на тројца сурфери, исчезнати додека кампувале
Мексиканските власти соопштија дека три тела биле пронајдени во областа Долна Калифорнија, во близина на местото каде што минатиот викенд исчезнаа двајца Австралијци и еден Американец додека кампувале и сурфале, јавува денеска Асошиејтед прес.
Од Државното обвинителство не соопштуваат дали телата се на тројцата странци, но наведуваат дека телата се откриени при потрагата по исчезнатите мажи.
Соопштено е дека се уапсени и обвинети три лица кои биле сослушани во случајот со исчезнатите.
Местото каде што беа откриени телата во близина на градот Санто Томас беше во близина на оддалечена крајбрежна област, каде во четвртокот на оддалечен дел од брегот беа пронајдени шатори и камион на исчезнатите мажи.