Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Во март годинава 18 отсто помалку родени бебиња во Македонија
Македонија

Во март годинава 18 отсто помалку родени бебиња во Македонија

01/06/2023

AA

Во Македонија во моментов сега се случува буквално демографска катаклизма, никогаш помалце родени бебиња и страшни, ужасни демографски падови, вели Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Почитувани, само во месец март оваа година во Македонија има 18% помалку родени бебиња одошто минатата 2022 година. 2022 година беше најлошата, убедливо најлошата демографска година во историјата на Македонија со најмалку родени бебиња, на таа најлоша година сега во март имаме 18% дополнителни родени бебиња помалку. Тоа значи празни училишта, празни градинки, празни градови и села, тоа значи пуста, пуста земја. Овие бројки се ужасни. Ова се политиките на Таче Ковачевски и Стево Пендаровски. Тие политики буквално ја уништуваат Македонија. За Македонија да живее и преживее мора овие нивни политики да бидат час поскоро поразени.

Ќе ви соопштам неколку бројки почитувани присутни. Значи во март 2022 година родени се 1557 бебиња, во март 2023 година родени се 1279 бебиња во Македонија, тоа е 278 бебиња помалце, само во еден месец. Тоа е фрапантен ужасен пад од 18%, 278 помалце родени бебиња тоа значи во само еден месец, 14 паралелки помалку со деца, 14 паралелки со 20 деца.

Имаме еден куп места и еден куп школи каде имаме паралелки со три деца, пет деца, седум деца или девет деца, вели Ѓорчев и додава:

„Во првиот квартал 2023, во однос на уште еднаш ќе повторам, најслабата во историјата со најмалку родени бебиња 17.700 бебиња се родени во Македонија 2022 година, сите негативни рекорди се пробиени. Значи во првиот квартал минатата најлоша демографска година родени се 4. 009 бебиња. Во овој квартал 2023 година родени се 3.656 бебиња тоа е 353 помалку бебиња за еден квартал, односно намалување на квартално ниво во однос на најлошата година од 9 проценти.

Тоа значи дека Македонија исчезнува, тоа значи дека Македонија ја нема. Тоа значи дека со овие политики на Таче Ковачевски и Стево Пендаровски ќе имаме празни училишта, празни градинки, празни полиња, празни села, празни градови, испразнети маала, без детски џагор. Тоа значи дека буквално стануваме пуста земја. Нема ниту една земја, нити една земја во светот во март која има ваков пад 18 проценти. Најлоши во светот, уште еднаш на Македонија, за жал со Стево Пендаровски и Таче Ковачевски и се случува демографска катаклизма, колапс и буквално катастрофа.

Мора да најдеме сили, да ги поразиме овие политики затоа што Македонија буквално се тенчи и исчезнува.

Кажав доста бројки, овие бројки можете да ги видите на сајтот на Заводот за статистика, ова се поразителни бројки што ги допираат сите во Македонија, сите градови, сите региони, сите етникуми, сите градови и села. Навистина поразно, болно и ужасно!“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy