Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Во Малезија пукна гасовод, голем пожар зафати неколку згради
Македонија

Во Малезија пукна гасовод, голем пожар зафати неколку згради

01/04/2025

AA

Истекување од гасовод предизвика голем пожар денеска во предградието на Куала Лумпур, главниот град на Малезија, поради што се евакуирани околните згради.

Пожар во близина на бензински пумпи во централната држава Селангор е видлив од неколку километри.

Пожарникарите во сојузната држава Селангор соопштија дека истекувањето на гасоводот се протега на околу 500 метри, а пожарната колона е многу висока.

Седум лица се повредени кога пожарот зафатил неколку згради, а голем број жители се евакуирани.

Пожарот и последиците од истекувањето на гас ја зафати и инфраструктурата на јавното нафтено претпријатие „Петронас“ и соопшти дека е прекинато снабдувањето со гас на таа инсталација.

Петронас објави дека избувнал пожар на еден од нивните гасоводи во 8:10 часот по локално време.

Три бензински пумпи во близина на местото на пожарот не беа погодени, но беа привремено затворени како мерка на претпазливост, рече Петронас, додавајќи дека истрагата сè уште е во тек.

Од Единицата за управување со катастрофи Селангор соопштија дека пожарот се проширил на неколку куќи во блиското село, дека неколку лица се здобиле со изгореници и ќе бидат пренесени во болница, а сè уште се проценува целосниот обем на штетата.

На местото на пожарот се испратени десетици пожарникари. Главниот министер на Селангор, Амирудин Шари, рече дека пожарникарската служба како мерка на претпазливост брзо ги евакуирала жителите на околните куќи и дека тие привремено ќе бидат сместени во блиската џамија додека ситуацијата не биде под контрола.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Лавров: Западот сега бара од нас безусловно примирје во Украина

24/06/2025

Западот сега нè моли за прекин на огнот во Украина без дополнителни услови, иако Володимир Зеленски категорично го одби тоа

Иран нападна американски бази во Катар и во Ирак

23/06/2025

Експлозии денеска се слушнале над Доха, пренесуваат новинските агенции „Ројтерс“ и АФП. Иран наводно лансирал ракети на амеирканската база во

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy