Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВО МАКЕДОНИЈА ОПАЃА БРОЈОТ НА МАКЕДОНЦИ, РАСТЕ БРОЈОТ НА АЛБАНЦИ Еуроњуз Албанија ги анализира македонските демографски статистики
Македонија

ВО МАКЕДОНИЈА ОПАЃА БРОЈОТ НА МАКЕДОНЦИ, РАСТЕ БРОЈОТ НА АЛБАНЦИ Еуроњуз Албанија ги анализира македонските демографски статистики

28/12/2025

AA

Во последната деценија Северна Македонија бележи пад на вкупниот број на население, но не кај сите етнички заедници. Албанците имаат позитивни бројки кога станува збор за родени и умрени, додека кај Македонците е забележано природно намалување од околу 4.100 лица помалку според најновите податоци, пишува Еуроњуз Албанија.

Според државните податоци на кои се повикува порталот, во Макдонија имало 16.061 родени и 20.201 починати, што означува природен пад на населението. Но, податоците по етничка припадност покажуваат значајни разлики меѓу двете најголеми заедници.

Кај македонската заедница имало 6.841 родени и 14.760 починати, со природен биланс од – 7.919 лица.

Кај албанската заедница имало 5.473 родени и 3.309 починати, со природен биланс од + 2.164 лица.

Овие бројки укажуваат дека кај Македонците природниот прираст е негативен, што се должи делумно на стареење на населението и намалување на стапките на раѓање. Од друга страна, кај Албанците, и покрај миграциските текови, бројот на родени многу повеќе ги надминува бројот на умрени, што придонесува за позитивен природен прираст.

Разлики по општини

Податоците по општини покажуваат различни трендови:

• Арачиново: +138 (од кои Македонци +2, Албанци +133)
• Скопје: –17 (Македонци –1.395, Албанци +1.287)
• Карпош: –244 (Македонци –242, Албанци +1)
• Кисела Вода: –258 (Македонци –253, Албанци 0)
• Битола: –459 (Македонци –774, Албанци –15)
• Чаир: +351 (Македонци –100, Албанци +427)
• Сарај: +332 (Македонци +3, Албанци +329)
• Студеничани : +137 (Македонци +1, Албанци +84)

Што значи ова за општеството?

Аналитичарите укажуваат дека ваквите демографски промени може директно да влијаат на образовниот систем, пазарот на труд и пензискиот систем, како и на политичките и економските баланси во земјата во наредните децении.

Порталот пишува дека во минатото, властите во Северна Македонија пробале различни политики за зголемување на бројот на населението, вклучувајќи месечни надоместоци за трето и четврто дете, но тие мерки не покажале значајни резултати. Сега се најавува повторно фокусирање на нови политики, како олеснувања за купување станови за млади брачни двојки, со цел да се мотивира основање семејства и зголемување на раѓањата.

Една контроверзна идеја која беше предложена од страна на премиерот Христијан Мицкоски е воведување на данок за неженети лица, што наиде на остри реакции во јавноста, пишува Еуроњуз Албанија.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy