Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Во Македонија годишно од загаден воздух умираат повеќе од три илјади луѓе
Македонија

Во Македонија годишно од загаден воздух умираат повеќе од три илјади луѓе

20/05/2025

AA

Главните извори на загадување на воздухот во земјата се согорувањето отпад, градежната прашина, производството на електрична енергија, недостатокот на еколошки јавен превоз и користењето дрва во домаќинствата. Ова беше истакнато на седницата на Комисијата за здравство во Собранието, каде што се дискутираа сериозните здравствени последици од загадувањето. Експертите од невладините организации нагласија потреба од итна акција, воведување системски мерки и долгорочни решенија за намалување на загадувањето и заштита на јавното здравје, пишува Телма.

„Сите овие податоци ни кажуваат дека за да се справиме со аерозагадувањето не можеме само да поентираме кон еден извор туку мораме на сите овие извори да работиме паралелно. За сите тие извори се одговорни различни чинители, некаде е индустрија, некаде транспорт, но најважно е да се фокусираме да обезбедиме алтернативни начини за греење на домаќинства и јавни објекти“, истакна Бојана Станојевска Пецуровска од Центар за климатски промени.

Од невладините организации велат дека е неопходно зголемување на буџетот за животна средина, воведување интегрирани дозволи за индустриските капацитети, строга контрола на согорувањето отпад и намалување на емисиите од транспортот. Очекувањата се дека сите овие работи ќе помогнат да се намали смртноста од аерозагадувањето, затоа што земјава е меѓу оние со најголем број вакви случаи во Европа.

„Во Скопје годишно умираат околу 1.200 луѓе како резултат на загаден воздух. Според статистиката на УНИЦЕФ 11,6% од смртните случаи кај доенчиња под една година се поврзани со аерозагадувањето“, потенцираше Ели Пешева од О2 Иницијатива.

Според податоците во Македонија годишно од загаден воздух умираат повеќе од три илјади луѓе. Лекарите постојано нагласуваат дека загадениот воздух предизвикува респираторни и кардиоваскуларни заболувања.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy