Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Во Македонија ќе има евтина струја од 13 до 15 часот – еве од кога стартува
Македонија

Во Македонија ќе има евтина струја од 13 до 15 часот – еве од кога стартува

05/10/2023

AA

Енергетската криза го зголеми темпото на енергетската транзиција и инвестициите во обновливи извори ја намалија значајно цената на електрична енергија преку ден, со што се создадоа услови за домаќинствата да може да користат поевтина електрична енергија преку ден посочи Марко Бислимоски, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) на трилатералниот состанокот на Асоцијацијата на Медитеранските регулатори за енергетика МЕДРЕГ, Бордот на регулатори на енергетската заедница и Совет на европските регулатори за енергетика.

– Дневна евтина тарифа ќе стартува во декември, граѓаните ќе можат да ја користат во периодот од 13 часот до 15 часот и секако останува на сила и ноќната евтина тарифа од 22 часот до 7 часот изутрина. Нашата држава, како и цела Европа се соочи со енергетска криза, но беше мотивирачка кај сите и се започна со интензивен циклус со инвестиции во капацитети што произведуваат струја од обновливи изври на енергија. Ние тоа го нарековме Елдорадо на инвестиции во обновливи извори. Во овој период, во време на енергетска криза за 20 % го зголемивме инсталираниот капацитети, со што се релаксира состојбата во енергетската слика кај нас. Стравот од високи сметки, се покажа како најголема мотивација за да се стартува со интензивен инвестициски циклус, кој пак даде резултат со што се намали увозната зависност и од традиционалните нотирани 30 % увоз на електрична енергија, процентот се преполови и сега изнесува 15 % во првите неколку месеци од годинава. Следен чекор е да се редизајнира помошта кон ранливите категории и значајно да се зголеми на оние лица на кои им е потребно, посочи Бислимоски.

Претседателот на МЕДРЕГ Абделатив Бардах алармираше дека е неопходно земјите да работат на инклузивен пристап на енергенси кон крајните потрошувачи, додека реформите во енергетскиот сектор мора да продолжат без оглед на геополитичките случувања.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy