
Во кризата со пасоши сме платиле над 13 милиони евра за брза постапка
Во последната половина година дена на МВР сме му платиле над 13 милиони евра за издавање пасош во итна постапка.
Ова го покажува анализата на БИРН според податоци добиени од министерството од 1 септември 2023 година, заклучно со 15 март годинава.
Бројките покажуваат дека речиси една третина од вкупно примените барања за пасоши се по итна постапка. Со други зборови, тоа значи дека околу 74 проценти од примените барања биле за издавање пасоши во редовна постапка, а приближно 26 проценти во итна постапка (132.948).
Издавањето на пасош по итна постапка чини 6.200, односно 6.400 денари, а тоа значи дека за нешто повеќе од половина година, граѓаните за итно да добијат пасош платиле приближно 13,4 милиони евра.
Најмногу пасоши во итна постапка биле побарани во февруари годинава – 36.100.
