
ВО КОСОВО Е ОТКРИЕНА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА ФАЛСИФИКУВАЊЕ ДОКУМЕНТИ: Запленети сe илјадници исправи од повеќе од 50 држави
Во Приштина e откриена лабораторија за фалсификување документи, a запленети сe илјадници пасоши од повеќе од 50 држави.
Документите се пронајдени во импровизирана лабораторија за која се верувало дека биле користени за производство на фалсификувани документи. Едно лице е уапсено и одредена му е мерка притвор од еден месец.
Фалсификуваните бланко документи, се откриени минатиот петок кога во Приштина било запрено едно возило при што е уапсен возачот Ф.К. Потоа бил извршен претрес во куќа во Приштина, која, според косовската полиција, служела како „лабораторија“ за изработка на фалсификувани документи – пасоши, лични карти и возачки дозволи.
При претресот на оваа куќа биле пронајдени и запленети ласерски машини, принтери, повеќе од 20.000 микрочипови и илјадници документи од 51 земја во светот. Пронајдени се и празни лични карти и пасоши со идентификација од Република Србија, Обединетото Кралство, Бразил, Мексико, Германија. На уапсениот возач му е изречена мерка притвор од еден месец.

