
Во Кочани мирен собир!
Во Кочани денеска беше организиран едночасовен мирен собир за почит кон загинатите и поддршка за повредените лица од дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Тие се собраа во Паркот на Револуцијата во 15 часот, а на собирот немаше официјален говор.
Со пораки испишани на транспаренти, тие кажаа дека бараат правда, a правосудните институции да го расчистат случајот до крај.
Во исто време, тие побараа правда за обезбедувањето на дискотеката, бидејќи како што велат, токму тие биле спасителите.