
Во која земја над 40 отсто од компаниите вработуваат пензионери постари од 70 години?
Во Јапонија, над 40 отсто од компаниите вработуваат пензионери постари од 70 години. Веќе десет години расте бројот на пензионери кои работат. Причина за тоа е што скоро 30 отсто од населението е над 65 години.
Според податоците на јапонското Министерство за здравство, труд и социјална политика, лани дури 39 отсто од јапонските компании вработувале работници постари од 70 години, пишува Никеи, јапонски економски весник.
Јапонската влада законски им даде можност на компаниите доколку сакаат да ја укинат старосната граница за пензионирање – опција која некои од нив ја избрале, за да има и такви кои вработуваат работници над 80 години. Ова најчесто се однесува на продавниците и угостителските објекти.
Од Министерството за земјиште, инфраструктура, транспорт и врски, велат дека 6,39 милиони луѓе на возраст од 65 и повеќе години работеле во Јапонија во 2022 година, што е 10,6 отсто од вкупната работна сила. Во земјата фалат млади работници.
foto Wikipedia/Morio
