Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Во Кенија се урна хеликоптер со шефот на вооружените сили на земјата и неколку високи воени лица
Македонија

Во Кенија се урна хеликоптер со шефот на вооружените сили на земјата и неколку високи воени лица

18/04/2024

AA

Хеликоптер со неколку воени функционери, меѓу кои и шефот на воените сили, генерал Френсис Омонди Огола, се урна денеска на запад од земјата, изјави полициски извор.

„Хеликоптерот се запали по падот, а во него имаше повеќе од десет високи команданти, меѓу кои и генералот Огола“, изјави висок офицер на националната полиција.

Засега не се знае каква е состојбата на началникот на армијата и останатите патници.

Кенискиот претседател Вилијам Руто свика итен состанок на Советот за национална безбедност по падот на воениот хеликоптер, соопшти претседателството.

Портпаролот на претседателството преку мрежата X објави дека вечерва во Најроби е свикан итен состанок на Советот за национална безбедност по падот на хеликоптерот на кениските вооружени сили во областа Елгејо-Мараквет, 400 километри северозападно од Најроби.

Тој додаде дека воените функционери биле во таа зона во безбедносна мисија бидејќи војниците на кениските вооружени сили се распоредени во тој регион, каде што дејствуваат бандитските групи.

Огола (61) беше назначен за шеф на воените сили пред помалку од една година, на 29 април 2023 година. Посетувал париско воено училиште и Национален одбранбен колеџ во Кенија, а кариерата ја започнал во април 1984 година во воздухопловните сили.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЌЕ СЕ ПУКА КАЈ РАДОЖДА, ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ПАНИЧАТ! Воена

17/02/2026
Македонија

КРИТИЧНО ВО КИЧЕВО, 250 ЛУЃЕ ЕВАКУИРАНИ ВО СПОРТСКА САЛА Поплавите

17/02/2026
Македонија

АРМ ЌЕ ПРИМИ НОВИ 300 ВОЈНИЦИ Наскоро ќе биде објавен

16/02/2026
Македонија

ГИ НАПАДНАЛ СО НОЖ МАЈКАТА И СОПРУГАТА Скопјанец уапсен за

16/02/2026
Македонија

Над 60 семејства без дом по излевањето на Зајаска Река

16/02/2026
Македонија

Воена вежба на Охридското Езеро: Македонски и белгиски војници утре

16/02/2026
Македонија

САМО ПЛАНОТ НА ТРАМП МОЖЕ ДА ДОНЕСЕ МИР ВО УКРАИНА

16/02/2026
Македонија

ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ ВИКТОР ИЛИОСКИ ПРОНАЈДЕН МРТОВ Трагичен крај на потрагата по

16/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41543
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy