Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Во истрагата за Лотарија опфатен и екс премиерот Ковачевски
Магазин

Во истрагата за Лотарија опфатен и екс премиерот Ковачевски

16/12/2024

AA

Во истрагата за сомнежите за криминал во Државна Лотарија на Македонија опфатен е и експремиерот Димитар Ковачевски. Се проверува неговото работење и влијание во случајот.

Претходната влада пред повеќе од една година донела одлука да овозможи почнување постапка за основање три нови друштва за приредување интернет игри на среќа, кои ќе бидат под нејзина капа, односно под капата на Државната лотарија на Република Северна Македонија. Одлуката донесена на 14.6.2023 година е потпишана од првиот заменик на претседателот на Владата на РСМ, Артан Груби.Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, лани во октомври  откри скандал и оттогаш јавноста не доби објаснување од засегнатите.

– Втора недела Артан Груби, ДУИ, Ковачевски, Лотарија, немаат одговор за скандалот – како директорот на Лотарија, Перпарим Бајрами изнајмува локал за цели 21.000 евра месечно од фирма чиј што дел е член на УО на Лотарија, Шабан Азмовски, Хамза и тоа со договор на 10 години? Ќе ги повторам прашањата кои што досега останаа неодговорени, до Артан Груби, но и до Спасовски, до Грковска, па и до Ковачевски кои што мора да одговорат, како тоа Перпарим, директорот од Лотарија најмува простор од фирма каде дел Шабан Хамза, член на Управниот одбор на Лотарија? Дали Перпарим од Лотарија ќе каже дали не знаел дека Шабан Азмовски Хамза го регистрирал името на порталот ХЕЈ на фирмата каде ќе истурат 2,6 милиони евра? Артан Груби мора да каже како тоа во Лотарија завршиле и Перпарим Бајрами и Шабан Азмовски Хамза, но и оној со фирмата „Медиа Девижн 2021“, Фидан Селими. А, Али Ахмети и Димитар Ковачевски мора да одговорат како сите големи државни тендери се вртат околу зетот на Ахмети и неговиот бизнис ортак Ерџан Сулкоски – повика Стоилковски.

Новата Влада го раскина Договорот за закуп за деловен простор склучен меѓу „Хеј“ ДООЕЛ и Државна лотарија, а премиерот Христијан Мицкоски изјави дека тој е основа за покренување кривична постапка и кривична одговорност за надлежните, бидејќи е потпишан по цена која не е пазарна туку дури и до три пати поголема од пазарната.

Утринава се извршени претреси во домовите на Груби и Бајрами, каде тие не се пронајдени, со што во голема мера се потврдуваат шпекулациите во јавноста за нивно можно бегство во Косово, иако и двајцата порачуваат дека „ќе се вратат, штом ќе завршат работа“.

Според повеќе медиуми, постои сомнеж дека Перпарим Бајрами е неколку месеци во Косово. За време на рацијата во резиденцијата на Бајрами, полицијата, наводно, открила и конфискувала готовина во износ од приближно 50.000 швајцарски франци.Полицијата во координација со јавен обвинител и судија на претходна постапка извршила рации на девет различни локации. Операцијата се фокусира на набавка на машини VLT (Video Lottery Terminal) за Државна лотарија, чија вредност е над 10 милиони евра.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy