Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст
Регион

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

18/04/2024

AA

Хрватското крајбрежје е многу популарно, како за нашите туристи, така и за „подалечните земји“. Чесите се меѓу најбројните во последните години. Сепак, цените годинава многу „скокнаа“, а многу од нив се откажуваат од патувањето до оваа дестинација.

Чесите решија годинава попрво да изберат одмор во Италија отколку во оваа јадранска земја, токму поради цените на сместувањето и генерално цените во угостителските објекти, пишуваше изминативе денови чешкиот портал iDnes.

Една од главните причини зошто Чесите ги ограничија своите патувања до Јадранот беше забележително зголемување на цената на услугите, вклучително и воведувањето на такси за туширање на плажа.

– Претпоставувам дека сегашниот масовен туризам на Чешка постепено ќе се пресели на друго место – изјави експертот за туризам Станислав Зима и додаде дека Чесите претпочитаат да ја изберат соседна Италија, како и Египет.

Традиционалните и омилени гости во Хрватска, според официјалните податоци на чешкиот државен завод за статистика, пристигнале на Јадранот во нешто помал број од вообичаено.

Според овие податоци, од Чешка има 30.000 туристи помалку од лани. Оваа бројка е загрижувачка бидејќи 2023 година беше рекордна по бројот на туристи од Чешка кои решија својот одмор од најмалку четири дена да го поминат во Хрватска.

Незадоволни се и Германците

Имено, два германски медиуми ТЗ и Меркур наведуваат дека сместувањето за туристи во Хрватска поскапело за 30 отсто. Според претседателката на Хрватското здружение за семејно сместување, Барбара Марковиќ, Хрватска е за 25 отсто поскапа од конкуренцијата, не само за ноќевања, туку и за сите други релевантни понуди.

– Хрватска сега е поскапа од Шпанија и Грција, а цените секој ден се повисоки – рече Марковиќ.

Туристите се се понезадоволни од цените на храната, а се жалат и на цените на лежалките кои можат да чинат и до 40 евра.

– Десет невкусни ќебапи, грст замрзнато месо и мало пиво ме чинат нешто помалку од 25 евра. Сметката ја заокружив на 25 евра, но дебелата сума навистина ми беше тешко да стомам – изјави туристката од Виена, прецизирајќи дека за ќебапи платила 17,50 евра, а за пиво 7 евра.

– Нема повеќе да одам на одмор овде – рекол еден германски турист.

Хотелите го презедоа водството во покачувањето на цените, па некои од нив поскапеа и за 40 отсто во споредба со 2021 година. Како што објави „Вечерњи лист“ лани, ноќевањата биле 80, а често и 90 евра дневно.

Курир.рс

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy