
Во големи делови од Скопје утре ќе нема струја – ова е листата
Центарот за управување со кризи (ЦУК) известува дека заради планирани технички зафати на главниот далекувод „Југ Нова“ утре 24.09.2023, недела, ќе има краткотрајни прекини со снабдувањето на електрична енергија на територијата на Град Скопје, согласно информирањето на Електродистрибуција Скопје.
Конкретно прекините на електрична енергија ќе бидат од 04.00 до 19.00 часот, во реонот на населбите „Аеродром“, „Пролет“, „Мичурин“, „Кисела Вода“, „,Припор“, „Пржино“ и „Црниче“ во Град Скопје.