
Во Европа има јаз меѓу инфлацијата и трошоците за живот
Во Европа има длабок јаз меѓу инфлацијата и трошоците за живот. Основните животни трошоци во ЕУ се зголемија четирипати побрзо од платите.
Тука се мисли на трошоците за домувањето и комуналните услуги, кои пораснале до четирипати побрзо од платите низ Европската унија лани, покажуваат податоците на Евростат. Трошоците за транспортот и храната се зголемиле за трипати побрзо.
Цената на работната сила на час пораснала во просек за 4,4 отсто во државите од Европската унија во 2022 година.
Реалните плати, кои укажуваат на движењето на платите во однос на инфлацијата, минатата година се намалија во сите земји-членки на ЕУ во просек за девет отсто. Реалниот профит е зголемен за еден процент, покажуваат податоците на Евростат. Војната во Украина имаше свој удел во „подгревање“ на инфлацијата.
foto freepik.com/BillionPhotos
