
Во експлозија во зграда во Италија повредени се 31 бегалец
Триесет и едно лице е повредено во експлозија во станбена зграда во која живееле баратели на азил, пренесоа светските агенции. Трагедијата се случила во градот Сан Лоренцо Нуово, во близина на градот Витербо, во централна Италија.
Деловите од зградата погодени од експлозијата се претворени во куп урнатини, велат пожарникарите. Според нив, синоќешната експлозија најверојатно била предизвикана од истекување на гас.
Во текот на ноќта пожарникарите бараа луѓе во делумно урнатата зграда користејќи специјално обучени кучиња.
Еден од повредените е во тешка состојба и со хеликоптер е пренесен во болница во Рим.
Зградата главно била окупирана од машки мигранти кои аплицирале за азил во Италија, но имало и неколку жени и деца.
Во тек е истрага за причините за експлозијата.