Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВО ДЕСЕТИЦИ МИЛИОНИ ЕВРА: Од 1 април одново ќе враќаме стар меѓународен долг за гасификација
Економија

ВО ДЕСЕТИЦИ МИЛИОНИ ЕВРА: Од 1 април одново ќе враќаме стар меѓународен долг за гасификација

28/01/2025

AA

Од 1 април завршува грејс периодот од две години што го добил „Номагас“ како акционерско друштво во државна сопственост помеѓу два циклуси на отплата на долгот од 90 милиони евра кон Дојче и Ерсте банк за изградба на магистралните гасоводи Штип – Неготино – Битола и Скопје – Тетово – Гостивар. . Договорот во 2015 година го потпиша тогашниот министер за финансии Зоран Ставрески, а тој вклучуваше и можност парите да се користат за државна поддршка. 

Во извештајот на независниот ревизор за работењето на националниот оператор за снабдување со гас „Номагас“ (поранешен АД НЕР), објавен деновиве на „Македонска берза“, се открива дека отплатата воопшто не била мрдната од место и дека долгот за гасификацијата бил репрограмиран со одложување на два пати по две години до 1 април 2025, иако редовно тој инаку одамна требаше да биде исплатен.

Кредитот од 90 милиони евра беше договорен во 2015 со рок на враќање од седум години и грејс период од три години. Во озаконувањето на договорот беше предвидено дека парите може да се користат и за буџетска поддршка. По девет и пол години , гасоводите се речиси изградени но не се пуштени во употреба од разни причини.

Затоа интервенирало Министерството за финансии, долгот доспеал за три последователни неплатени рати, а во меѓувреме се натрупале и такви трошоци како затезна камата и трошоци за неискористени средства, за што веќе информираше Државниот завод за ревизија. Независниот ревизор пишува дека следувале дури две репрограмирања на долгот.

„Краткорочните обврски по кредити во износ од 5.397.824.000 денари се однесуваат на повлечени средства врз основа на договор за долгорочен кредит склучен со Министерството за финансии од 11 декември 2015 на вкупен износ од 90.000.000 евра со рок на отплата од 7 години и вклучен грејс период од 3 години, каматна стапка од 6м ЕУРИБОР+маргина од 450bps, еднократна провизија во износ од 1,5 отсто од износот на заемот и провизија во износ од 2,47 отсто

Во текот на 2021, АД НЕР потпишало договор за регулирање на долг со Министерството за финансии, со кој обврските по основ на доспеани главен долг, провизија, трошоци за неискористени средства, трошоци за извршени дознаки кон странство, редовна камата, и законска затезна камата во вкупен износ од 5.099.504.308 денари со кој долгот на Друштвото се репрограмира со рок на враќање од 10 години без пресметка на редовната камата со вклучен грејс период од 18 месеци, односно отплатата кон Министерството за финансии ќе отпочне на 1 јули 2023.

Друштвото на 20 март 2023 потпиша договор за регулирање на долг со Министерството за финансии, со кој обврските во вкупен износ од 1.670.429.053 денари со кој долгот на Друштвото се репрограмира со рок на враќање од 10 години без пресметка на редовна камата со вклучен грејс период од 2 години, односно отплата кон Министерството за финансии ќе отпочне на 1 април 2025“, објаснува ревизорот.

Почетното задолжување од 90 милиони евра, сега во пресметката на ревизорот до крајот на 2023 е прикажано како 116 милиони евра.

И Државниот завод за ревизија лани констатираше дека за задолжувањето за изградба на оваа фаза од гасификацијата бил склучен договор за кредитирање од 90 милиони евра, а поради доспеаните долгови биле пролонгирани роковите преку Министерството за финансии и тоа на два пати.

Лани беше потпишан договор за кредитирање со Европската банка за обнова и развој во висина од 98,6 милиони евра за проектот за изградба на интерконекторот со Грција (66 км) и двете гасни делници Гостивар – Кичево (34 км) и Свети Николе – Велес (28 км). Имплементатор на проектот е Номагас АД Скопје.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy