
Во декември Србија ја посетиле 175.504 странски туристи, најмногу од Бугарија и Македонија
Во декември, според податоците што денеска ги објави Републичкиот завод за статистика, Србија ја посетиле 175.504 туристи од странство, кои ноќевале 445.849.
Најбројни биле туристите од Бугарија, кои броеле 22.282, потоа од Северна Македонија, 15.073, потоа од Русија, 13.560, Босна и Херцеговина 13.517 и Грција со 13.242.
Кај туристите од далечните земји најмногу биле Кинезите, 7.189.
